Поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт која почина пред неколку денови беше голем обожавател на брошеви и ги носеше во свечени прилики на средби со светски државници.
Имаше приказна зад секој избор – изјави таа за магазинот InStyle во октомври 2021 година.
За стајлингот со Јасер Арафат таа објасни.
Носев пчела затоа што боли убодот и морав да пренесам остра порака“, рече таа за нејзиниот избор на накит за средбата со палестинскиот лидер Јасер Арафат.
Дознавајќи дека Русите прислушувале соба во Стејт департментот, Олбрајт носела многу голем брош на нејзиниот следен состанок со руските дипломати и тие точно знаеле што таа зборува, изјави таа за CNN 2015.
Како државен секретар од 1997 до 2001 година. Олбрајт стана повнимателна во начинот на кој ја користеше симболиката на нејзините игли, изјави еднаш за InStyle.
– Ги претставував САД, па беше важно да изгледам достоинствено, но сакав и да се облекувам како жена, а брошевите помогнаа да се внесе малку хумор, личност и пораки во многу сериозни времиња. И морам да признаам, многу се забавував. Особено се обидувам да разберам до кој степен е примена мојата порака.
Колекцијата на Олбрајт има повеќе од 200 брошеви. Колекцијата се наоѓа во Националниот музеј на американската дипломатија во американскиот Стејт департмент во Вашингтон.
Comments are closed for this post.