Македонија ќе брани осум гола предност денеска во Букурешт на дуел со Романија.
Селекторот Кирил Лазаров најавува дека треба да се издржи притисокот на почетокот на мечот.
Прв стрелец во Скопје беше Филип Талески со 10 голови.
На првиот натпревар одигравме одлично тактички, ги исполнивме задачите на селекторот. Среќни сме за победата, но работата не е завршена. Пред нас е многу потежок меч од оној во Скопје. Не треба да одиме да ја браниме предноста, туку да победиме. Романците ќе одат на се или ништо“ – изјави Талески.
Мечот се игра од 17 часот со пренос на МТВ.
Comments are closed for this post.