Клучното прашање кое се поставува во овој случај е кој е оштетен. Дали тоа е Силјан Мицевски е оштетен или ГП „Пелистер“. Истото се однесува и за Амзоски. Тој во 2017 година бил само полномошник на „Дрим билдинг“ и не може да биде оштетен, истакна адвокатот Сашо Дукоски, бранител на Бојан Јовановски, на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“.
-Самиот Мицевски истакна дека за проектот за изградба на дом за стари лица прочитал во весникот “Нова Македонија”. Кога тој почувствува дека е измамен – дали кога даде исказ дека не се чувствува измамен и оти верува во проектот или откако му влезе Финансиска полиција, праша Дукоски.
Ако се анализира исказот на Мицевски, јасно е, вели Дукоски дека тој навистина верувал во проектот на Јовановски.
-Вие него ќе го измамите за 719.000 евра со склучен договор!? Јас во тоа не верувам. Кој е Бојан да го измами Мицевски, праша Дуковски.
Comments are closed for this post.