Анкетата на американскиот институт ИРИ покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најголема доверба меѓу граѓаните.

Ова значи дека владата на СДСМ и ДУЕ администрирана од Ковачевски води штетни политики и народот бара промени, оценуваат од опозициската партија по резултатите од вчерашното истражуање.

Само 18% од граѓаните мислат дека Македонија се движи во правилна насока и ова е историски најлошиот резултат на доверба од граѓаните на било која влада досега.

Според опозицијата тоа покажува дека власта на Ковачевски ќе биде казнета на следните избори, затоа што народот виде дека се неспособни и неодговорни. Тенденцијата покажува дека власта катастрофално ќе изгуби, затоа што со секој изминат ден ја пропаѓаат државата се подлабоко.
Резултатите од анкетата претворени во изборни резултати, значат убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ со околу 100 илјади гласови разлика.
Граѓаните со оваа власт на СДСМ не живеат подобро, стандардот им пропаѓа поради високата инфлација и поскапувањата, но и поради криминалот и корупцијата кои ги јадат буџетските пари.
Заради криминалот на СДСМ и ДУИ граѓаните плаќаат скапо, а ништо не добиваат за возврат од државата.

Според анкетата ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 20% од граѓаните а СДСМ кај 17%.