Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари се искачија до 106 долари, бидејќи најавите за координирана продажба на нафта од стратешките резерви не ги ублажија стравувањата од прекини во снабдувањето поради руската инвазија на Украина и санкциите против Москва.
Цената на барел нафта со датум на испорака во мај на лондонскиот пазар порасна за 7,83 долари во однос на претходното затворање, на 105,8 долари.
На американскиот пазар со барели се тргуваше во договори со рок на испорака во април за 8,27 долари повисоки, на 103,99 долари.
Пазарите внимателно ја следат руската агресија врз Украина.
Економската изолација на Русија денеска се продлабочи откако големата логистичка компанија „Маерск“ објави дека ќе го прекине контејнерскиот сообраќај со Русија. Велика Британија им забрани влез во нивните пристаништа на сите бродови кои на кој било начин се поврзани со Русија.
Comments are closed for this post.