Денешните сателитски снимки покажуваат дека руските копнени сили продолжиле да се приближуваат до главниот град на Украина, јавуваат светските медиуми.
Според Ројтерс, рускиот воен конвој се протега на 27 километри.
Според приватната американска компанија „Maxar Technologies Inc“, сателитски снимки од источната страна на меѓународниот аеродром Антонов покажуваат конвој од стотици оклопни возила, тенкови, влечена артилерија и возила за логистичка поддршка, кои продолжуваат да се движат кон Киев.
Comments are closed for this post.