Саудиска Арабија испратила двочлен тим во Истанбул со цел да се отстранат доказите од убиството на новнарот Џамал Кашоги, една седмица откако тој исчезна во саудискиот конзулат во Истанбул на почетокот на октомври, тврди неименуван турски функционер.
Потврдувајќи го наводите на весникот Сабах, тој вели дека хемичар и токсиколог биле задолжени за отстранување на доказите пред на турските истражители да им се овозможи пристап во саудијскиот конзулат.
Турскиот весник Сабах идентификуваше двајца саудијци Ахмед Абдулаиз ал-Џонабија и Халед Јахју ал Захранија, наведувајќи дека тие пристигнале во Турција како дел од 11 члениот тим кој требале да извршат инспекција заедно со турски официјални лица.
Веруваме дека овие две лица дошле во Турција само со задача да го прикријат доказот за убиството на Кашоги пред на турската полиција да и биде дозволено да ја претресе локацијата, рекол функционерот.
Тие ја извршиле операцијата на „чистење“ во конзулатот и резиденцијата до 17 октомври и ја напуштиле Турција три дена подоцна.
Фактот дека тим за чистење пристигнал од Саудиска Арабија девет дена по убиството сугерира дека е извршено со знаење на највисоките саудиски официјални лица, тврди турскиот функционер.
Comments are closed for this post.