Скопската винарија „Сковин“ ја демантираше веста дека „отишле во стечај“ и дека винаријата „станува спомен за едно време во кое Скопје имаше свој вистински гигант“.
Оваа вест беше објавена во дел од медиумите кои тврдеа дека „имотот и брендовите на Сковин биле продадени на четириесет годишнината од основањето на компанијата во далечната 1979 година“.
Како што велат од „Сковин“ веста предизвикала неверување кај вработените во фирмата и сите нивни блиски соработници, а истата создала лоша репутација и недоверба кај нивните потенцијални клиенти, продажни објекти, ресторани и хотели каде ги пласираат нивните производи, а предизвикала и сериозна штета во деловното работење на Друштвото ВинаријаСковин Група ДООЕЛ Скопје.
Точната информација е дека, во текот на месец јули 2019 година, беше основана скопската фирма „ВИНАРИЈА СКОВИН ГРУПА“ ДООЕЛ преку која инвеститорите од Сингапур ја спроведоа целокупната трансакција за купопродажба на дејноста на СКОВИН АД Скопје, кое друштво е дел од групацијата на ФЕРШЕД АД Скопје. Во последните две години Сковин АД Скопје по продажбата на целокупниот бизнис престана да врши дејност на производство на вино, поради што акционерите и донесоа одлука за покренување на стечајна постапка за која сензационално се пишуваше по некои медиуми.
Од „Сковин“ велат дека винаријата продолжува со раководство на менаџерскиот тим на Винарија Сковин Група ДООЕЛ Скопје и во изминатите години континуирано се работи на подобрување на квалитетот на производите, зголемување на асортиманот со нови производи и отворање на нови пазари особено на азискиот континент, со стремеж за достигнување на сјајот на винаријата.
Винарија „Сковин“ и натаму работи, произведува и продава производи на пазарот достапни во сите помали продажни места и поголеми маркети, ресторани, кафулиња и е-продавници.
Comments are closed for this post.