На натпреварот од 11 коло од холандското фудбалско првенство меѓу Феенорд и ВВ Венло, навивачите на Феенорд покажаа како се сака фудбалот.

Откако во втората минута од средбата, откажаа рефлекторите на стадионот во Ротердам, „Де Кујп“, навивачите на Феенорд ги извадија своите мобилни телефони и ги запалија како светилки во обид да им помогнат на фудбалерите да продолжат со натпреварот.


Тоа, секако, не беше доволно за да се создаде потребната светлина за одигрување на мечот, па тој беше прекинат, но гестот на навивачите не остана без награда.

Откако средбата официјално беше откажана, фудбалерите на Феенорд, се вратија на теренот и со аплауз им се заблагодарија на навивачите за нивните напори.