Истиот принцип на манипулација на тендерите за кој зборувавме во случајот со општина Бутел, бил користен и во тендер за општина Кисела Вода во време на мандатот на Филип Темелковски од СДСМ, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Посочува дека за да се постигне најниска цена производите, кои фирмата некако знаеле дека нема да се користат, биле вреднувани со најниска цена, а за производите кои знаеле дека ќе се користат, цената била многукратно повисока. Ова е можно само доколку некој од општината навреме ја известувал фирмата учесник на тендерот.
-Вака и на овој начин се истиснувала конкуренцијата и биле испумпувани буџетски пари во фирми за кои однапред било определено да го добијат тендерот. Станува збор за рамковен тендер кои го добила фирмата МАГНУС Инжинеринг ДОО Скопје, договор кој бил склучен на 28.09.2021 година со општина Кисела Вода, во вредност од 10.000.000 денари. Еве како во Кисела Вода во време на мандатот на Темелковски недомаќински се трошеле народните пари. Цената на чинење на комплет светилка со натриумова сијалица HPS со моќност од 70 вати чинела 7.600 денари по парче, а иста таква светилка со моќност од 150 вати чинела само 143 денари. Разликата во цена е огромна, дури 53 пати. Односно помалку моќната чинела 53 пати поскапо од помоќната. Ист случај е и со штедливата натриумова сијалица HPS од 70 вати, која чинела 5.200 денари по парче, а иста сијалица од истиот вид но со поголема моќност од 150 вати чинела 95 денари. Разликата во цена е 54 пати поголема кај помалку моќната во споредба со таа од 150 вати, вели Лефков.
Истакнува дека и кога набавувале пригушница за HPS сијалица повторно ја користеле истата метода на манипулација и злоупотреба на тендерот, па така пригушницата за 70 вати чинела 2.660 денари, а таа за 150 вати чинела 95 денари. И овде разликата е голема, односно пригушницата за послабата сијалица чинела 28 пати повеќе отколку за помоќната.
-Ете како градоначалниците на СДСМ создаде систем за испумпување на народните пари преку тендери. Веројатно однапред ја известувале фаворизираната компанија која треба да го добие тендерот за тоа кои производи од тендерот ќе бидат користени и истата тие ги вреднувала како суво злато, а во исто време ги известувала кои производи нема да се користат, па тие компанијата на тендерската спецификација ги вреднувала со пониски цени, а потоа градоначалниците не порачаувале од тие што се со пониски цени. И на тој начин се постигнувало „најниска цена“ на тендерот од страна на фаворизираната компанија, а на тој начин се истиснувала конкурентите, а потоа од општината добивала само побарување односно нарачки на екстремно скапите производи со што постигнувала екстра профит. Уште еднаш ги повикуваме надлежните институции веднаш да го испитаат овој тендер, да се вклучи и Финансиската полиција и да истражи каде завршувале парите од сметките на оваа приватна компанија од овие набавки. Јавното обвинителство да се ослободи од стегите на власта и да постапи по овој случај. Вака СДСМ ги користел народните пари за богатење фаворизирани компании, изјави Лефков.
Повикуваме надлежните институции да го испитаат овој тендер, ЈО да постапи согласно своите надлежности и да си проверат каде завршувале парите од сметките од ваквите набавки, додава пратеникот.
Comments are closed for this post.