Седумнаесетгодишно момче завршило со рана на левата нога по расправија со една година помлад родина во гостиварското село Чегране.
Според СВР Тетово, шеснаесетгодишник синоќа околу 21 часот, во салон за забавни игри во Чегране, најпрво физички се пресметал со 17-годишник, негов родина, а потоа од панталоните извадил нож и му нанесол убодна рана во левата нога.
Извршен е увид, напаѓачот е пронајден и одземен е ножот за вештачење и се работи на целосно расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.