Министерството за правда и Управата за извршување санкции не и дозволија на „Република“ да влезе во затворот „Идризово“ и да направи интервју со Бојан Јовановски.Во писмото потпишано од директорот на Управата Марјан Спасовски стои дека не се дозволува посета и интервју од безбедносни причини.
Сепак во писмото не е наведено чија безбедност е загрозена-наша или на Јовановски?
Директорот уште пишува дека посета на осудени лица може да се дозволи на средствата за јавно информирање па се прашуваме дали медиумите не спаѓаат во оваа категорија.
„Република“ сакаше да го праша Боки за писмата кои ги објавува и во кои говори за вмешаноста на порашениот премиер Зоран Заев и министрите во случајот „Рекет“, како и за улогата на обвинителката Вилма Русковска.
Comments are closed for this post.