Фактот што СДСМ го штити ДУИ за криминалот кој го прави и тоа што ДУИ го штити криминалот на СДСМ, покажува дека овие две партии се две семејства од иста мафија. Ова се две банди кои само успешно ги имаат поделено криминалите и бизнисите, поради кои Македонија и народот осиромашуваат и Македонци и Албанци и Турци и Срби и Роми и останати, а тие се богатат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека доколку едната беше поинаква немаше да бидат вака сплотени во меѓусебната одбрана и заштита.
– Помалиот партнер ДУИ во оваа мафија не значи дека е помалку успешен. Напротив. Тој во моментот е клучниот играч на теренот, а поголемиот се претвори во подизведувач. Класична приказна од подземјето. ДУИ никаде ги нема кога се работи за подобар стандард на граѓаните Албанци, ама штом им спомнеш дека се вмешани во криминал веднаш стануваат големи патриоти и глумат нападната жртва. Додека тие играат час зелени, час европски, час сеалбански заштитници, во реалноста прават р’шум од кој најмногу страдаат етничките Албанци во Македонија. Толку од нивната грижа за тоа како живее просечниот Албанец во Македониј. СДСМ со тоа што сега застанува отворено во заштита на својот партнер покажа дека власта им е послатка од правдата, а веројатно и самите се фатени до гуша во криминал, па немаат ниту образ, ниту храброст да ги гонат своите политички партнери, се појаснува во партиското соопштение.
Comments are closed for this post.