Да можеше водење на држава да се стави во ексел табела, ќе беше лесно за секој да води држава. Човекот треба да знае дека водењето на државата не е исто со неговата наследена ексел табела добиена за партијата. Државните интереси не може да се стават во ексел табела, ниту пак животот на граѓаните, напиша Хростијан Мицкоски на својот фејсбук профил.
А кога сме кај ексел табелите, поважно е што таму бројките кажуваат повторно дека сме меѓу најкорумпираните во Европа на делба од 87 до 95 место, буџетски дефицит од околу 7.255.000.000 денари или нов долг за секое семејство за само 24 дена од 2022 година од околу 14.500 денари!
Овој пат да пробаме без ексел табели, туку со работа за она што е важно за народот, заштита на интересите, повеќе пари и иднина за сите.
Comments are closed for this post.