Со вчерашното претставување на приоритетите на француското претседателство со ЕУ стана јасно она што и од порано се знаеше дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите.
Амбасадорот Сирил Бомгартнер, на културен, дипломатски рече дека Франција не се обврзува со временска рамка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Приоритет во следните шест месеви ќе биде ковид кризата.
Разбирливо е што овде во Македонија се зборува само за членство, но Унијата се соочува со големи предизвици, рече францускиот амбасадор.
Досегашниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров по последното вето од Бугарија рече дека и јануари е опција да добиеме датум за почеток на преговорите.
Од неколку главни градови во Европа слушам дека и јануари сепак останува како можност да се успее, што ни дава можеби малку повеќе време-оптимист беше Димитров во ноември.
За потсетување, и пратеникот Кастриот Реџепи откако не се појави на гласање за недоврерба на владата рече дека неговата сопруга слушнала на телевизија дека францускиот претседател Макрон ќе ни даде датум за преговори.
Comments are closed for this post.