Елиф Елмас повторно е позитивен на коронавирус, поради што македонскиот репрезентативец ќе го пропушти претстојното дерби меѓу Јувентус и Наполи што ќе се одигра на стартот од новата 2022 година.
Нашиот ас по неколкудневен престој во Македонија се врати во Неапол, за денеска да биде објавено дека „дијамантот“ е позитивен на Covid-19.
„Елиф Елмас е позитивен на коронавирус, на тестирањето извршено во Македонија пред неговото враќање во Италија. Фудбалерот е вакциниран и нема никакви симтпоми, но наредниот период ќе го мине во самоизолација“, објави Наполи.
Елмас беше позитивен и во октомври 2020, кога мина дваесетина дена надвор од фудбалските терени.
Comments are closed for this post.