Во центарот на Скопје денеска протестираа здруженија за заштита на животните. Протестниот марш под мотото „Сонувам за хумано утре“ граѓаните заедно со своите миленици го започнаа пред Собрание од каде заминаа до Владата и Град Скопје. Според здруженијата, постои инстутиционална краткогледост и осуда на „Залови-стерилизирај-врати“, програма која велат дека никогаш не била спроведена квалитетно и во целост.
Бараат од Град Скопје да ги вклучи во решавањето на проблемот со бездомните животни. На протест излегле велат со цел да испратат порака до надлежните конечно да започнат со примена на хуманите методи до трајно решение на овој проблем.
Според здруженија решениението на проблемот не е убивање или еутаназија, туку со ефикасно спроведување на стерилизација. Бараат од надлежните да изградат систем на контрла кој одгледува и продава кучиња, со цел да се спречи неодговорното чување кучиња.
Од здруженијата за заштита на животните велат дека стационарот Вардариште функционира во крајно неадекватни услови, каде што се постапува сурово со кучињата. Појаснуваат дека таму кучињата се стерилизираат по што се чуваат во неадекватни и нехигиенски услови. Велат дека тоа е причината тие кучиња да заболуваат, па наместо на улица да се вратат здрави, прочистени, се враќаат болни.
Бараат стационарот да им биде даден во надлежност на здруженијата за како што потенцираат многу поефикасно да почне да се решава проблемот со уличните кучиња.
Од здруженијата се убедени дека бездомните животни во Македонија би се ставиле под контрола во период од само неколку години исклучиво ако во секој град/општина:
1.Стационарите се под раководство на активисти за заштита на животни со задржано финансирање од градот/општината
2. Се комплетира Регистарот на сопственици на миленици
3. Се комплетира Правилникот за одгледувачници
4. Се изработи Регистар на одгледувачници кои ќе плаќаат уредно данок со што ќе се спречи да работат на црно притоа зголемувајќи го бројот на бездомни животни во градот
5. Се спроведува ригорозен инспекциски надзор со највисоки казни за секој нерегистриран или напуштен миленик
6. Градот/општината преку Советот усвои одлука за оданочување на сопственици со репродуктивно способни миленици
7. Градот/општината преку Советот усвои одука за субвенционирање на сопственици кои сакаат да го стерилизираат/кастрираат својот миленик
8. Министерството за образование и наука, во соработка со АХВ, градот, сите општини и останатите поврзани институции спроведе масовна едукација во двете задолжителни нивоа на образование за одговорно сопствеништво и вдомување наспроти купување миленик.
Comments are closed for this post.