Британската полиција соопшти дека уапсила 19-годишен маж поради загрозување на безбедноста на имотот во замокот Виндзор, каде што кралицата го поминува Божик.
„Мажот е уапсен под сомнение дека провалил на заштитена локација и поседувал оружје. Моментално е во притвор“, изјави началничката на полицијата во долината Темза, Ребека Мирс, пренесува Ројтерс.
Таа нагласила дека безбедносните процедури се започнати во моментот кога мажот влегол во имотот и не влегол во ниту една зграда, а за инцидентот биле информирани членовите на кралското семејство.
Кралицата Елизабета го поминува Божик во Виндзор, бидејќи одлучи да не престојува во Сандрингам, кралски имот во источна Англија, како што вообичаено правеше претходните години за празниците.
Comments are closed for this post.