Епидемилогот Драган Даниловски во вестите на Сител рече дека вирусната варијанта Омикрон на Ковид-19 се шири четири пати повеќе и со тоа се демантирани претходните дезинформации.
– Кога се појави на крјаот на ноември сите бевме на штрек. Се покажа дека има вкупно 6о мутации.. Како дезинформации се покажаа вестите дека е 500 пати, или 70 пати позаразен. Четири пати позаразен е и помалку опасен. 80 пати помала е веројатноста да завршите во болница. Најчести симптоми се болки во грло, течење на носот и главоболка. Сепак имаме работа со поблаг вирус, изјави Даниловски.
Тој додава дека сите вакви укажувања не значат дека сите треба да се опуштат. Постарите граќани треба да бидат внимателни и да се вакцинираат со трета доза.
– Ќе бидам во право дека сигурно ќе имаме зголемен број на случаи, но ќе се лечат дома како изолирани. Нема да имаме како минатите бранови и преотеретеност на болничките капацитети. Крајот на пандемијата кај нас настапи со изнемоштеноста. Со резигнација граѓаните прифаќаат да живеат со вирусот, смета Даниловски.
Пандемијата, според него, би завршила на крајот на следниот април.
– Вирусот не сака да го убие домаќинот, туку тој да го распрснува со заразување на други. Крајот на април ќе биде крајот на пандемијата, а ќе се вакцинираат само ризичните групи, заклучува Даниловски.
Comments are closed for this post.