Официјално е потврдено дека Македонецот Филип Ивановски учествувал во поседување, препакување и дистрибуција на наркотици во групата на Веља невоља.
Тој бил задолжен за набљудување на движењето на организаторите на групата при пристигнување и заминување во просториите на ресторанот на стадионот на Партизан и во помошните простории на стадионот на улицата Хумска, кои групата ги користела.
Ивановски имал за задача насилно да го киднапира , мачи и да изнуди информација кога и по чија наредба лицето го прави тоа.
Обвинетиот Ивановски се товари дека бил дел од група која на 08.08.2020 година во просториите на стадионот започнала тридневна тортура врз млад човек, кого со телефон го виделе пред ресторан на јужната трибина од стадионот.
Го однеле во градината на ресторанот кој го користела исклучиво криминална група, каде го претепале и го принудиле да каже зошто ги следи и снима. Му го украле телефонот, ја прегледале целата содржина и го обвиниле дека е „кодош“ кој ги следи за да ги информира ривалите. Три дена го држеле заклучен и врзан, го тепале, му се заканувале со нож дека ќе го убијат.
Соседите пак велат дека Филип бил добро момче но оти биле зачудени од неговото често менување на скапи автомобили..
Жителите на Панчево велат оти се шушка за станот во кој сега е неговата сопруга, дека е подарок од Беливук.
Неговата невенчана сопруга Марија, со која има две деца, е уапсена во четвртокот во нивниот стан во Панчево, а по распитот била пуштена да се брани од слобода. Според сомнежите, таа за оваа криминална група перела пари со тоа што на нејзино име купувала одреден вреден недвижен имот.
Според информациите до кои дојде „Блиц“ таа пред врската со Ивановски била келнерка во кафуле и важела за фина девојка во градот.
Comments are closed for this post.