Какво осежување ќе донесе конгресот во редовите на најголемата опозициска партија и на политичката сцена во Македонија? Може ли да очекуваме значајни кадровски и концепски промени?
Мицкоски: Ќе понудам кадровски и концептуални промени. Промени кои јас ги дефинирам како засилување, но и нова фаза во делувањето што ќе подразбира и отворање кон пошироката јавност и мобилизација на интелектуалните и општествени капацитети кои ќе ги ставиме во функција на напредокот и изградбата на земјата. Да се обединиме околу важните прашања бидејќи и проблемите кои ги тиштат граѓаните се исти. Тогаш потребно е да ја земеме палката и покажеме како треба. ВМРО-ДПМНЕ направи во изминатиот 4 годишен период големи промени и застана на нозе, сега е време да почнеме да чекориме со големи чекор напред затоа што времето неодминливо тече, а народот оправдано бара резултати-вели Мицкоски во интервју за Скопјеинфо.мк“.
Comments are closed for this post.