Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски пршања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска е во Македонија на средби со претседателот Стево Пендаровски и други функционери, соопшти Американската амбасада во Скопје.
– Го поздравуваме пристигнувањето на специјалниот претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, во Скопје. За време на посетата, г.Ескобар ќе се сретне со претседателот Пендаровски и со други клучни функционери да разговараат за повеќе теми и заеднички приоритети за регионот, наведуваат од Амбасадата на САД во објавата на фејсбук.
Се очекува на средбите во Скопје да стане збор за актуелните политички случувања во земјава и во регионот, како и за евроинтеграцијата и бугарската блокадата на Македонија.
Ескобар неодамна во обраќањето пред Комитетот на Претставничкиот дом за надворешна политика на САД се заложи Македонија и Албанија да ги започнат преговорите со ЕУ пред крајот на годинава.
– Најсилната порака што ЕУ сега можа да ја испрати е да започне преговори за членство во ЕУ на Македонија и Албанија пред крајот на оваа календарна година. Со тоа ќе се отфрли разочараноста на населението во регионот од европските политики и ќе се запре злонамерното влијание на Русија и Кина кои работат против проширувањето на ЕУ во Западен Балкан, рече Ескобар.
Укажа и дека Скопје и Тирана ја завршиле тешката работа што од нив се барала и оти процесот треба да започне без одложување, поосчувајќи на заедничката изјава на државниот секретар Ентони Блинкен и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел дека евроинтеграцијата е единствена надеж за регионот.
Comments are closed for this post.