Беким Сали е предлогот за нов министер за здравство, кадар на Алтернатива како дел од Владата. Ова го потврди и премиерот во заминување Зоран Заев. Тоа значи дека министерот Венко Филипче ќе биде сменет од функцијата, иако во неколку наврати, Заев не прифаќаше тоа да се случи посочувајќи дека тој е важен за справување со кризата предизивката од коронавирусот.
Беким Сали е оженет и татко на три девојчиња. Стоматолог по професија, има сопствена ординација и бизнис со текстил. Во трката за градоначалник на Чаир на локалните избори беше предлог од Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги изгуби изборите.
Македонија немала подобар министер од Венко Филипче за здравство, кажа Заев.
Comments are closed for this post.