Девет лица загинаа во пожар што вечерва го зафати старечки дом во источниот бугарски град Ројак, изјави висок претставник на Министерството за внатрешни работи.
Пожарот што избувна на дрвениот покрив на зградата е изгаснат, а евакуиран е и старечкиот дом во кој живееле 58 лица, изјави Тихомир Тотев, раководител на Подрачното одделение за противпожарна заштита.
Кога шесте противпожарни возила стигнале до домот, покривот бил зафатен со силен пламен и црн чад. Пожарникарите почнаа да ги евакуираат корисниците, но за жал девет лица го загубија животот“, рече Тотев.Причината за пожарот се истражува
Comments are closed for this post.