Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, најави дека за овогодишните новогодишни празници градот ќе има скромно украсување.
Како што истакна Пецаков, им,а најави за доаѓање на странски туристи за да ги прославата празниците во Охрид и градот ќе направи се за тие да се чувствуваат добредојдени.
За Охрид за новогодишните празници се најавени туристи од странство, па поради тоа не смееме да си дозволиме да имаме неукрасен град. Минимален е тендерот околу осветлувањето, но сепак Охрид ќе биде украсен. Мора да бидеме подготвени да ги примиме странските туристи, папоради тоа ќе има и скромен настан на градскиот плоштад каде ќе настапат само охридски изведувачи – истакна градоначалникот Пецаков.
Comments are closed for this post.