Институтот „АКСИОС“ во периодот од 10.11 до 14.11.2021 година спроведе теренско истражување на територија на цела Република Македонија. Истражувањето е спроведено на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“.
Согласно резултатите на анкетираните граѓани можеме да забележиме дека граѓаните имаат поголема доверба во претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, отколку во премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Имено, од табелата можеме да забележиме дека, најголемиот процент од испитаниците, не сакале да кажат за кого ќе ја дадат довербата, или пак се уште не знаат. Тој процент изнесува дури 20.6%. Политичар во кој анкетираните граѓани имаат најголема доверба е Мицкоски, тој политичар води со 18.7%, веднаш зад него титулата на второ место ја завзема Заев, со 11.8%.
Карактеристично е тоа што дури висок процент, 17.8%, анкетираните граѓани одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар.
На табелата, може да ги погледнете и имињата на останатите политичари, а веднаш до нив процентот на доверба кај анкетираните граѓани.
И ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 21.3% наспроти 15.1 % на прашањето доколку утре се одржат пармалентарни избори за која партија би гласале?
Истражувањето е спроведено на примерок од 1123 испитаници на територија на цела Република Македонија. Статистичкта грешка на истражувањето е околу 2%.
Comments are closed for this post.