Во вчерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф.д-р Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во земјата, изминатите локални избори, како и за очекувањата за наредниот период и формирањето ново парламентарно мнозинство.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф.др Христијан Мицкоски е уверен во намерата да ја развласти власта предводена од Зоран Заев, СДСМ и ДУИ. Тој вели дека вакво безредие, здравствен хаос и економски очај не смее да продолжи ниту ден повеќе. Граѓаните на локалните избори ја искажаа својата желба, а тоа значи дека СДСМ и ДУИ треба да заминат во опозиција.

“Јас кажав дека заедно со сите политички партии кои што се против овој режим, ќе го развластиме Зоран Заев. СДСМ и ДУИ на овие избори се апсолутни губитници, а тоа само говори за гневот на граѓаните кои што го чувствуваат кон оваа власт, поради сите губитнички политики изминатите години. Развластувањето на оваа власт не е желба на Христијан Мицкоски, туку насушна потреба за земјата да почне да се развива и да заврши еднаш засекогаш со криминалот и корупцијата. Република Македонија мора да стане земја на прогрес и унапредувања, наместо уназадување и кражби”, истакна Мицкоски.

СДСМ и ДУИ не сакаат да поверуваат во дебаклот кој го доживеаа на овие локални избори, односно не беа спремни за брзо напуштање на власта, но за нивна жал ќе мораат. Граѓаните избраа и нивната волја ќе мора да се почитува. Оваа власт на Заев и Ахмети, прво ќе биде развластена, а потоа ќе одговара за сите лоши политики изминатите години.

Правдата еднаш ќе мора да заживее во државата, а со тоа и да се вратат вистинските принципи и вредности по кои ќе функционира општеството. Владата која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира ќе работи исклучиво на подобрување на економијата, здравството и се она кое што оваа моментална расипничка власт го клекна на колена, заврши Мицкоски.