Новиот градоначалник на Тетово, Билал Касами денеска одржа прес конференција на која го претстави планот за работа. Една од точките е дека ќе се прегледуваат договори на дело, според кои општината исплаќала хонорари на луѓе меѓу кои има и такви кои не оделе на работа.
-Мое решение е сите договори да се прекинат и службите прават анализи дали тие договори се реализирани и дали плаќањата по тие договори се согласно закон. За се што е платено спротивно на законот ќе побарам тие средства да се вратат во буџетот на општината. Сите договори се до 31.12. Во моментот додека не се прекинати тие договори тие што одат на работа, одат. Тие што не одат за нив веќе има посебен извештај од администрацијата. Има над 350 договори на дело на определено време за кои не знаеме што работи вршеле за потребите на општината. Испаѓа дека повеќе се исплаќало за договор на дело затоа што редовно вработени се 340 лица, а над 350 има со договор на дело, изјави Касами.
Comments are closed for this post.