Лицето на Заев по завршувањето на синоќешната седница најдобро покажува како се чувствува старо-новиот премиер по циркусот кој ни го приредија.
Иако Заев носеше маска може да му се пречита загриженоста од начинот со кој успеа да си купи уште некој месец власт.
Ова беше добро изрежирана претстава од страна на Зоран Заев и Али Ахмети. Кога видоа дека опозицијата на најдемократски начин ќе им изгласа недововерба посегнаа по она што најдобро го знаат а тоа се уцени и закани.
Под плаштот на ЕУ и НАТО го сокрија на сигурно пратеникот од Беса Кастриот Реџепи кој иако се потпиша на иницијативата за недоверба одеднаш го смени ставот.
Од ваквиот развој на настаните најголем губитник е државата која влегува со сериозна политичка криза. Собранието е практично блокирано и нема да може да се донесе ниту еден закон.
Целта на ваквата состојба е повеќе од јасна.Да се истурка декември за кога Заев чека добри вести од Брисел. Дотогаш тој се надева дека ќе го реши спорот со Бугарија. Како само тој си знае, а губитник сигурно ќе биде Македонија.
Што ни вреди ако после Заев и навистина си замине!
Comments are closed for this post.