По поднесената кривична пријава за злосторничко здружување на чело со премиерот Зоран Заев од страна на американско-хрватската компанија, косoпственици на Јадран Филм доел Скопје, следи ште едно јавно обраќање на директорот Винко Грубишиќ.

 

Ви го пренесуваме во целост:

Ви го пишувам ова, затоа што не сакам некој друг да страда затоа што јас сум го одбил рекетот на Горјан Тозија, кога беше директор на Агенцијата на филм.

Ако одлучите да ја продолжите оваа непотребна војна со нас, оставете ги невините цивили на мира, особено жените. Ова едноставно правило се почитува дури и во војна. Освен разните негативци низ историјата, тоа го правеле и оние против кои Македонците се кренаа на 11 Октомври, кога го пишувам ова писмо, и затоа честитката за денешниот празник ја завршуваме со: „Смрт на фашизмот – слобода на народот!”

…На дивјаштвото на полусветот што се крие зад Вас и зад државата, мора да му ставите крај, пред да биде предоцна. Тие навистина мислат дека со оваа измама ќе не сопрат, ќе не замолчат и со тоа ќе ги сокријат трагите од рекетот на Тозија. Тоа нема да се случи.

Тие тоа го прават повикувајќи се директно на Вас, г. Заев. Ве молам, ставете крај на ова сега.

Особено Ве замолувам уште еднаш да го прочитате моето прво писмо до Вас, но и писмото на легендарниот продуцент на Јадран филм, Борис Грегориќ, дотогаш, според изјавите на Тозија „најдобар пријател”, „брат”, но и личноста на која „му го должи животот”. Ве молам погледнете ја изјавата заверена на нотар од Борис Грегориќ. Обрнете внимание на тоа дека сè што Ви напишавме во 2017 година, подоцна се потврди.

Процесите кои сега се обидуваат да ги завршат со методот „блиц криг” се како „возење на украден автомобил”, господине Заев. Сите овие процеси се последица на антидатирање, фалсификување, т.н. повторни раскини на Договор кој правосилно треба да биде вратен на сила. Како мислите дека тоа може да помине? Не може.

Проверете го ова со Вашите правни советници: за да можат повторно да го раскинат Договорот, мораат да го вратат на сила, да ги поништат настанатите последици, од кои како што гледате од правосилната пресуда, се прогласени за ништовни, и заедно со нас да се усогласат со нови рокови, оние што одамна поминаа поради ПРОТИВЗАКОНСКИ РАСКИНАТИОТ ДОГОВОР.

Ништо од ова не направијаУправниот одбор на Агенцијата и директорот на Агенцијата, на барање на Тозија повторно се сретнаа, кој им кажал на сите дека Вие сте наредиле повторно да се раскине Договорот, како и дека Договорот не бил во сила од тој 27.09. 2017 па натаму! Како и тоа дека владината Агенција не е одговорна за направената штета, а Тозија, уценувач и рекетар, не ги преминал своите овластувања (поради одбиен рекет), го раскинал Договорот, и дека лично не е одговорен за настанатата штета.

Ако некој, на пример, Вашиот министер за правда, тврди дека корумпирано дивјаштво е легално, побарајте од него да го напише и да го потпише истото, господине Заев. И тој и сите тие што тврдат дека е тоа легално. Тие се тие од кого македонските граѓани треба даја наплатат милионската отштета, кога за тоа ќе пресудат меѓународните судови.

Дека таквите обиди за избегнување на спроведување на правосилна пресуда се противзаконски и претставуваат цела низа на најтешки казнени дела, знаат сите студенти на правен факултет и адвокатски приправници, а верувам и Вашиот министер за правда. Тоа не може да помине.

Тозија, исто така, побара да не одиме на состанок со Вас, договорен преку вашиот кабинет, во август 2017 година, велејќи дека „подобро е тој да се грижи за сè”. Така, наместо со Вас, ние на официјална средба во Владата бевме со министерот Алаѓозовски и со Вашата тогашна советничка за култура, г-ѓа Ласкова. Прашајте ги за заклучоците од овие средби, господине Заев.

Ако во оваа фаза, тоа криминално друштво, тоа злосторничко здружение, би успеало, тоа би било лоша вест и само пирова победа. Голем проблем е тоа што тој полусвет, китејќи се со државни функции, прави несогледлива штета на Македонија и на нејзините граѓани. Како што Ви напишав господине Заев, Тозија никогаш не ги плаќа своите сметки.

Нека остане запишано, сите овие тужби и отштетни побарувања ќе ги добиеме. СИТЕ. Ниту на еден суд, оваа приглупа, проѕирна  измама со криминален обид, да се уништи правното лице кое ПРАВОСИЛНО ЈА ПОБЕДИ АГЕНЦИЈАТА НА СУД, НЕМА ДА ПОМИНЕ!

Освен досегашните штети, огромните правни и судски трошоци, ќе предизвикате нови милионски трошоци и штети. Тука, исто така, морам да напишам дека сите, буквално сите адвокати, американски, хрватски, луксембуршки, белгиски, француски се шокирани дека такво нешто може да се случи во една држава и дека таква примитивна, кривична измама изведуваат граѓански службеници.

Некои од нив навистина мислат, откако го видоа овој „случај“, дека сум во „зделка“ со некој од државата, за да на крајот ги делиме милионите што ќе ги плати државата Македонија. Буквално, им изгледа премногу глупаво за некој да се осмели да предизвика ваква тужба и таков спор, ако не е „зделка”.

Знаете дека тоа не е вистина, господине премиер.

На крајот на краиштата, некој би можел да ме обвини мене и Вас дека учествуваме во таква нечесна и глупава работа. Таа проценка на големите правни фирми од светот, беше еден од моите мотиви да излезам во јавност господине Заев.

Нашите правни тимови во неколку земји го завршија подготвителниот дел од тужбите за судските процеси. Само по себе, предавањето на тужбата предизвикува огромни дополнителни трошоци. Но, ние ќе ги платиме ако на тоа нѐ присилите, во деновите што следат.

Ви напишав дека нема да дозволиме зависничката, клептоманска, криптополитичка мрежа на Тозија на крајот да се радува. Тоа нема да се случи.

Исто така, Ве замолувам да нѐ поштедите сите нас, особено МАКЕДОНИЈА, од други мерки на „неопходна одбрана“, што ќе треба да ги преземеме во таа насока.

Како што се вели во Македонија, „бомбите“ што ги имаме се такви, што не сакаме да ги користиме, тоа се буквално „валкани бомби” бидејќи сѐ што направи и рече Тозија и неговата клика е толку валкано и толку одвратно, што не сакаме да учествуваме во него, освен ако навистина не нè присилите. Тоа не е нашето ниво, ниту е ниво на нашите родители, ниту сакаме да се тркаламе во таква кал, во која ужива Тозија.

Зарем не беа доволни сите гадости и штети кои тој полусвет ѝ ги нанесе на МАКЕДОНИЈА, господине Заев? Ве молиме и јавната објава од целото досие за овој случај да не биде потребна. И навистина нема потреба од поднесување на сите тие тужби до сите тие меѓународни судови. Сите овие потези ќе бидат потези на принудна „неопходна одбрана“.

Досега со ниту еден гест, со ниту еден збор не сум направил штета на Македонија. Јас не реагирав и стоечки го издржав теророт на криминалниот, зависнички полусвет со неговите вулгарни, криминални, политички испади незабележани на светско ниво од еден државен службеник кон друга држава и нејзиното раководство.

Уште еднаш ве прашувам кои се овие луѓе, кои за себе велат дека се Ваши луѓе, „државни службеници“ кои државата Македонија ни ги праќа? Како воопшто се нашле на државна функција? Зошто дозволувате во име на една држава, да настапуваат клептомански зависници, непристојни бараби, пцујачи и простаци, фалсификатори, уценувачи и рекетари? Зошто го дозволувате тоа? Зошто?

Ве повикувам уште еднаш да го решите овој болен случај на заемно прифатлив начин. Ве молам, немојте ни да помислите дека некој ќе нѐ запре и исплаши. Баш спротивно, господине Заев. Така ме воспитаа моите родители, така го живеам целиот мој живот.

Нема да ме исплашат ниту „диловите“ на кој се обидуваат Вашите министри, верувам дека знаете за што пишувам. Нема да ме запрат. Во наредните денови, официјално ќе поднесеме дополнувања на апликацијата за заштита во Република Хрватска, ЕУ и САД и комплетирање на сите материјали, писма, документи и снимки до сите застапници во парламентот.

Од мирните предлог-решенија што ги упативме до владината Агенција за филм и до вашата влада, можете јасно да ги видите нашите мотиви и причини.

Исто така, јас сум лично достапен да разговарам со Вас или со лице што ќе го назначите.

Уште еднаш Ве молам и Ве повикувам, како премиер, одговорен за легалноста на работата на владината Агенција за филм, да ѝ наложите на Агенцијата да ја спроведе правосилната пресуда и веднаш да ги прекине и да го повлече барањето за стечај, базирано на антидатирани и фалсификувани документи и т.н. „дополнителни раскини” на Договор.

Погледете ја вибер пораката на Тозија за мене, упатена до Борис Грегориќ. Во пораката бара „ликвидација” на режисери, актери, писатели, а да не Ви пишувам повторно за серијата искажани параполитички глупости и невистини од тотални незнајковци и аналфабети. Замислете, ме обвинија дека го избрав Павел Шатев како еден од главните ликови во серијата затоа што бил „вмровец”. Јас, за да можам да го дизајнирам концептот на серијата, лично ја изучував, на македонски јазик, целата историска позадина и материјали подготвени за серијата од македонски историчари. Ме шокираше таквата, буквално, глупост. Павел Шатев, гемиџија, член на АСНОМ во младоста, во времето на атентатите во Солун радикален левичар, го наметнува „македонското прашање“ на рамнодушниот свет, меѓу другото и со радикални акции кои го погодија „светскиот капитал“.

За перверзијата да биде комплетна, Јадран Филм, матичната компанија која вреди десетици милиони евра и јас лично, на 24.09.2017 година, понудивме двојна гаранција за секој денар. Таа понуда, која стои цело време, се наоѓа и во архивата на Агенцијата за филм. Таа гаранција очигледно беше скриена од Владата и од Вас. Ние впрочем ја понудивме таа гаранција, за да го осуетиме секој обид и бесмислена дискусија за нас во тој контекст, откако го одбивме рекетот на Тозија.

Тука морам да Ви напишам дека одбив „понуди што не смеат да се одбијат”, за да обвинам невини луѓе, за да ја спасам оваа „голема работа” за нив, да обвинам луѓе кои не ми дозволиле да им платам едно кафе, господине Заев.

Покрај невидената ароганција и дрскост, таквото барање е еманација на чисто зло, господине Заев. Претпочитам да умрам отколку да се согласам на такво нешто. Тоа е смртен грев.

Официјално ги почнуваме сите акции и сите процеси во Македонија и сите горенаведени држави, и за сето ова ќе ја информираме целата македонска јавност и сите политички партии, во зависност од тоа што ќе одлучите.
Не зависи од нас, господине Заев.