Од утровo РЕК Битола не произведува струја, двата блока се во прекин дознава Телма од извори во АД ЕСМ. Тоа значи дека Македонија троши струја од преносната мрежа за што веќе доби неколку опомени од Европската енергетска заедница.
Пред два дена во РЕК Битола избувна пожар кој направи сериозни оштетувања на трансформаторот на Блок 3, а тогаш преку соопштение од АД ЕСМ изјавија дека за производство на струја нема да се користи Блок 3, туку побргу ќе се работи на рестартирање на Блок 2 во РЕК.
Comments are closed for this post.