Данскиот фудбалски клуб Митјиланд пред вечерашното гостување во Белград го нарече „ненамерна грешка“ објавувањето карта на која Косово е претставено одвоено од државните граници на Србија.
– Ги видовме реакциите во српските медиуми на нашата објава на социјалните мрежи. Сакаме да им се извиниме на сите. Во прашање е ненамерна грешка. Нашите уредници на социјалните мрежи ја презедоа картата од „Гугл“ несвесни за ситуацијата во вашата земја, без каква и да е намера да провоцираме, изјави портпаролот на Митјиланд, Мадс Јакобсен.
„Веруваме и се надеваме дека јавноста во Србија ќе има разбирање за оваа, повторувам, ненамерна грешка. Имаме само изрази на почит кон Србија и нејзиниот народ“, додаде Јакобсен.
Митјиланд вечерва и гостува на Црвена ѕвезда во Белград во рамки на групата Ф во Лига Европа, а пред натпреварот данскиот клуб на социјалните мрежи ги праша своите навивачи дали знаат во кој град игра нивниот вечерашен противник, предизвикувајќи негативни реакции во белградските медиуми поради објавената карта на која Србија и Косово се претставени одвоено.
Comments are closed for this post.