Српска „Република“ објави аудио снимка од Велимир Беливук во која тој отворено зборува за сите убиства, за Ратко Младиќ, , за Косово, за политичарите во Србија, за навивачите и за тоа како го зазеле стадионот на Партизан.
Тој вели дека како водач на навивачката група „Принципи“ имал потполна контрола на случувањата во клубот и на трибините.
Ја зедовме летнта градината на Партизан. ја уредивме, донесовме мебел и направивме кафуле за нашите навивачи. И тоа беше тоа. … Сè беше за нас на стадионот. Што и да правеше некој приватно, луѓето доаѓаа на стадион да не видат. Имавме се таму, каде ќе одам, што ќе правам, имам ресторан, имам тоалет, после тренинг се туширам, како да сум дома, немам потреба. Значи се што направивме, правевме овде и завршивме тука и 90 проценти беше поврзано со Партизан, десет со некои наши приватни работи. Кога велам приватни работи мислам обезбедувавме некои приватни ноќни клубови-говореше Веља.
Comments are closed for this post.