Дури и на заминување од двете функции, премиерската и лидерската на владејачкиот СДСМ, Зоран Заев остана симбол на поделбите и на злото во државата и во општеството! анализира „Пресинг ТВ.
Тој, по катастрофалниот пораз и во вториот круг од локалните избори, не смогна сили да му се извини на мнозинството граѓани, кои не му дадоа поддршка на неговите политики и гласаше за опозицијата. Напротив, и во обраќањето од партиското седиште, Заев продолжи со катастрофалните квалификативи, па дури и се обиде како некаков прогресивец да се претстави како жртва на народот и на неговиот избор!
Во пополноќното обраќање, по првиот круг од изборите, кога се обиде да ги релативизира постигнатите резултати, Зоран Заев ја обвини најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани, кои дента не гласаа за партиите од власта, како најголемо „зло“ и антидржавни елементи. Нешто што беше симбол на поделби и главно обвинување во времето на тоталитаризмот. Создавањето внатрешни непријатели на државата во целост ја отслика неговата тоталитаристичка, неосталинистичка ментална матрица.
Синоќа, пак, наместо извинување за вештачкото создавање некакво „зло“ и антидржавни елементи од мнозинството граѓани, како и за катастрофалната црна кампања против политичките опоненти пред вториот круг од изборите, Заев влезе во сопствениот филм на загрижен прогресивец! А, сите кои гласале за власта да ти биле „прогресивни граѓани“, кои се бореле „силно за интегрирана С.Македонија“!
Со други зборови, сите останати се бореле за дезинтегрирана Македонија! Ваквата деградација на мозинството граѓани заслужува само замолница до премиерот во оставка да си го врати филмот само некој ден назад и да си го види „сопствениот стап“, што така дарежливо им го нудеше на граѓаните.
За разлика од неговиот партиски претходник Бранко Црвенковски, за кого „народот е во право, па дури и кога греши“, Заев се појави со сосема спротивна „визија“. Премиерот во оставка сподели лично и разочарување „кај огромен број граѓани“, затоа што мнозинството од народот кој гласаше ги „избра истите луѓе и политичари кои само пред четири години во парламентот пред очите на целата јавност сакаа и тргнаа да убиваат“.
Покрај останатите небулози, за Заев е „тешка помислата“ од изборната „одлука на народот“! Народот, според него, да ти бил недоветен, неук, заблуден, прост… Како мало дете, кое не знае што е чокаладо!
Па, одлучил да го учи на демократија и на избор. Зашто, истото тоа „зло“ од народ требало него да го награди. Не за друго, туку заради неговите храбри тешки, но историски важни одлуки за добра иднина на својот народ и државата, не водејќи сметка за сопствениот рејтинг.
Каква заблуда! Заев мисли дека направил нешто добро за народот и државата! Па, ако било така, народот не е малоумен за да го награди и овојпат, исто како што го награди минатата година на вонредните парламентарни избори. Тогаш, за жал, сосема друга песна пееше.
Comments are closed for this post.