Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во повеќе општини на вториот круг локални избори во Македонија.
-Многумина се сомневаа, но надежта победи. Македонија мора да се менува, а промените почнаа од вечерва. Надежта ја победи апатијата и силата ќе расте. Сите заедно за подобра иднина, сите заедно да го оствариме сонот за кој сонуваме, а никако да го постигнеме. Кажете им на нашите браќа и сестри во целиот дел, ова е денот од кога почнуваат промените кон подобро, промени на имиџот на државата, промени на заштита на интересите на секој човек, за подобар живот и стандард, за иднината за која се бориме. Ова е убедлива победа, победа на народот на Македонија.
Им благодарам на сите граѓани кои гласаа, но и оние кои не гласаа, а чија доверба ќе продолжиме да ја бараме. Една е за сите нашата Македонија, сплотена и заедничка. Благодарност до сите политички партии од коалицијата „За обнова на Македонија“. Поминавме многу премрежја, но еве дојде денот кога се исплатеше за народот на Македонија. Заедно успеавме да ги победиме. Успехот е можен затоа што вербата е сигурна. Благодарност до политичките партии како Алтернатива, Алијанса на Албанците, Левица на Апасиев, затоа што срушивме бариери, покажавме дека и покрај разликата можеме да се обединиме околу заедничка цел- Македонија бев корупција која ќе оди напред, која ќе биде интегрирана во ЕУ. Тоа докажува дека еден опозициски блок е извесен. Истиот тој ќе донесе огромна победа на следните парламентарни избори за кои многу веројатно е дека ќе бидат предвремени.
Да се радуваме, но не да славиме, затоа што она што се случуваше особено меѓу двата круга е нешто кое не смееме да го заборавиме. Тоа е потценување, понижување, поткуп што власта во заминување го направи на граѓаните на Македонија“, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.