Претседателот на ДИК, Александар Даштевски вечерва на прес-конференција објави дека најголем дел од гласачките места се затворени и дека денот помина успешно.
-Излезноста до 18:30 часот е 48,88%, односно гласале 555 943 граѓани. Најголема излезност има во Вевчани 81,2% и Гевгелија 80,77%. Најмала излезност во Сарај 28,12% до 18:30 часот, изјави Даштевски.
Тој додаде дека на три избирачки места во општина Центар, гласањето ќе продолжи за 2 часа и 55 минути, во општина Сарај исто така гласањето ќе продолжи на три места, а во општините Карпош, Чешиново Облешево, Зелениково и Пробиштил, гласањето ќе продолжи на едно избирачко место.
-Имавме изолирани инциденти на денешниот изборен ден, наведе Даштевски.
Comments are closed for this post.