Соочен со поразот на локалните избори и најавата дека ќе си даде оставка, премиерот Зоран Заев посегнува по навреди кон сите македонски граѓани кои имаат двојни државјани. Тој смета дека наводниот бугарски пасош на кандидатката за градоначалник на Скопје било навредливо.
Згора на тоа, дали тоа Арсовска има или не пасош на друга држава ќе треба да го докажува на суд за што таа најави тужби.
Понижувачки е за народот да се подметне странски државјанин за градоначалник на Скопје-е изјавата на Заев со која ги навреди сите кои имаат двојни државјанства.
Во Македонија десетици илјади граѓани имаат двојни државјанства што според нашиот Устав е дозволиво. Згора на тоа, во владата на Заев седат министри со косовски пасоши но за нив Заев не се најде прозван да ги повика да дадат оставка.
На последните претседателски избори кандидатот Блерим Река отворено призна дека покрај македонскиот поседува и косовски пасош.
Дали ако Река станеше претседател на Македонија што е сосема легитимно, Заев ќе бараше да си даде оставка?
Со ваквата непромислена изјава Заев се откажа од сите што имаат двојни државјанства кои ги стекнале по различни основи, како раѓање, стапување на брак или пак повеќе годишен престој.
Јавно го прашуваме Заев дали ќе ги повика сите овие граѓани на Македонија во недела да не гласаат за кандидатите на СДСМ?
Comments are closed for this post.