„Не можете да го спречите овој бран на позитивна енергија и верба во сопствената држава и во себе. Народот е свесен за реалноста и знае дека е тоа единствениот пат напред. Да се почитуваме меѓу себе, да се грижиме едни за други, да бидеме чувари на нашиот ближен затоа што нивната судбина е и наша судбина. Тоа е мојата политичка филозофија со која планирам да одиме напред“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски на централниот митинг во Скопје.
Мицкоски истакна дека нема лева Македонија, нема десна Македонија, има една заедничка Македонија! Нема сдсмовска, вмровска Македонија, има само една заедничка Македонија!
„Нема Македонија поделена по етничка или верска основа, не, туку таа е заедничка, една Македонија!Нема наша и нивна Македонија! Има една заедничка Македонија!Нема либерална, и конзервативна, прогресивна и назадна Македонија!Има една заедничка Македонија“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека уплашените сакаат да ја делат Македонија, сакаат да предизвикуваат нови теми на поделба сакајќи да си го заштитат криминалот кој со години, а некои и со децении го прават на грбот на напатениот народ.
„Сакаат да има проблеми, да креираат страв, да кажуваат како ние ако дојдеме ќе има етнички проблеми, ќе има барок, не ни знаат веќе што зборуваат, нема ни логика сето тоа…јас на нив им кажувам – не нè поделија посилни од вас, нема ни вие, има само, само една заедничка Македонија!Нема црвени општини и сини општини, има општини на луѓето на Македонија! И сите ние, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати, христијани, муслимани, Евреи, атеисти, сите ние веруваме во својот живот и во својата судбина и во правото да го живееме тој живот достоинствено, во ред и прогрес, а не врзани за измислени поделби на наши и ваши“, укажа Мицкоски.
Comments are closed for this post.