Дали постои или не македонски јазик, односно дали со Преспанскиот договор се отвора пат за признавање на таков јазик во Грција? На ова прашање, како поддршка за владата на Алексис Ципрас дека ништо не дала, е изјавата на претседателот на грчкиот парламент Никос Вуцис, кој предизвика запаллива дебата.

„Не знам дека постои каков било македонски јазик кој се зборува во Грција, така што, ние ништо не сме дале“, изјави тој за Риал ФМ радиото.

Тој притоа истакнува дека Скопје има свој јазик кој историчарите го дефинираат. Вуцис додава дека кога владата ќе го достави Договорот во парламентот тој ќе помине.

„Тензиите растат, но според обемот се мали, а јас сметам дека некои нешта се објаснети и фрлаат позитивни аспекти на иднината на нашата земја и за регионот, а тие тензии ќе се намалуваат како ќе се приближуваме до гласањето во парламентот“, рече тој.

Вуцис објасни дека „кога некоја земја дава тогаш таа спроведува референдум…Земјата во овој договор е расчистено дека ќе се вика Северна Македонија, наместо Македонија, а ние немаме причина да поставуваме такви прашања за централна, источна или западна Македонија во Грција“, изјави Вуцис.