Имавме избори со нерегуларности и нарушен изборен процес, соопшти Миле Левков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на првата прес-конференција на партијата после завршување на локалните избори.
Според него, во текот на вчера и завчера имало кршење на преизборниот молк, заплашување.
Имаме отворени сомнежи за поткуп во Прилеп, Велес, Битола, Делчево, Неготино, делови од Скопје, Охрид. Имаме информации за бугарски воз и полнење на кутии во Сарај. Поднесовме приговори. Позитивно е што народот излезе и заокружуваше нова иднина. Нема да предвидуваме точни резултати, ќе почекаме тие да пристигнат. Во многу општини очекуваме да водиме и победиме, рече Левков.
Comments are closed for this post.