Учебници нема за сите одделенија, а особено нема за четврто одделение, каде што требаше да се спроведе реформа и децата да добијат дигитални учебници. Наместо дигитални учебници, тие добија учебник на електронски уред.
Децата добија учебници во ПДФ-формат, формат во којшто не можете ништо да менувате, можете само да читате. За да биде дигитален учебникот, треба да биде поставен на платформа, каде што детето преку интернет ќе пристапи и ќе работи во тој учебник. Во учебникот ќе решава задачи, или ќе кликне за да види видео, или ќе кликне за да види географска карта или ќе кликне за да чуе што објаснува настаникот или некој наратор. Ако е учебникот на таква платформа, наставникот може да види што работело детето, колку време се задржало, дали ги отворило сите материјали потребни за да ја научи таа лекција. Наставникот може да го следи ученикот. Ова е невозможно во Македонија. Прво, нема таква платформа, во многу места има нестабилен интернет, во помалку места воопшто нема интернет, во одредени места струјата е нестабилна, во одредени рурални средини нема струја во одреден период во денот, објаснува Јаневска.
На прагот сме на зимата, а прогнозите не се воопшто оптимистички. Пред нас е бран, за кој велат ќе биде исклучително тежок. Не смееме да се потпреме на изјавите на министерката за образование Мила Царовска дека нема трансмисија на ковид во училиштата или пак дека таа е незначителна. Сепак, најавата на министерот за здравство Венко Филипче дека во училиштата ќе започнат скрининзи на децата е доволна потврда на фактот дека во училиштата се шири короната. Она што замерува професорката Јаневска е малиот број на најавени скрининзи.
Ја поздравувам одлуката за тестирање на учениците, но ако се осум илјади тестови низ цела Македонија, бројките нема да бидат релевантни. Тоа е околу 2,5 отсто од 250.000 ученици во основно и средно. Трансмисијата и бројките на заразени во различни места се различни. Нема потреба да се прави тестирање во Делчево, Пехчево, Берово, каде што имаме по еден-два случаи. Тестирањето треба да се прави во Скопје, Тетово, Куманово, каде што е концентрацијата на заразени поголема.
Јавна тајна е, вели Јаневска дека заразени деца има, има деца кои се постојано во изолација, но и наставници, професори. Се создава недостиг од наставници, па наставата не може да се одвива соодветно, некаде е укинат дневниот престој или пак не може да се одржува целодневна настава подати недостиг на наставен кадар.
Зошто да не се нарават волонтерски заменски наставници, кои ќе влезат, ќе ја сработат работата, а за тоа ќе добијат поен за вработување.
Случај кој ја потресе јавноста, а чијашто тема е силно испреплетена со реформите во образованието е сексулното насилство кое се промовира како едукативен извиднички камп во природа.
Но, од друга страна, децата имаат потреба да се запознаат со морфологијата на своите тела, со сексуално преносливите болести, со последиците од раното стапување во сексуален однос. Децата треба да знаат да препознаат сексално насилство, и кога трпат, но и кога прават.
Токму бидејќи не можеме да ги заштитиме децата од вулгаризирање на сексот и голотијата, треба да нападнеме со наука. Во строго контролирана средина, каква што се училиштата.
Ние немаме ништо против сексуално воспитување во осмо и деветто одделение. Но, строго контролирано и со строго одредена програма, која опфаќа заштита од несакана бременост, заштита од сексално преносливи заболувања, заштита од насилие, сознанија за тоа што е секс, за тоа што е љубов, кога се зрели и физички и психички да стапат во сексуална или емотивна врска. Имаме одредена група која многу рано влегуваат и во сексуални односи, но и во брак, многу малолетнички бремености… Затоа, сметам дека тоа е во ред, но во тој период, не порано и со стручни лица. Не може сексуално образование да предаваат девојчиња од 19 години кои поминале курс од три дена, ниту наставнички по македонски, музичко и ликовно кои поминале курс од три дена.
Зборувајќи за извидничкиот камп на кој се вршела сексуална злоупотреба на деца, Јаневска потсети дека одредот добил донација од Град Скопје во висина од 12 илјади евра.
Зошто државата која дала 12 илјади долари не знае за што ги дала парите. Каква е програмата, како ќе се изведе… Даваме наши пари, од даночниците, за да ни ги малтретираат децата.
Инсистирањето да се прикажат сите народи како државотворни создава одбивност, но уште поважно таквата политика не создаде побезбедни улици и училишни дворови за децата ниту во Чаир, ниту во Аеродром. Како да извлечеме поука од Илинденското востание – дека иста мака делиме, дека маката и радоста не зближуваат, а не политичкото инсистирање на „сите“ за сметка на Македонците.
Населението било незадоволно од османлиската власт и затоа кренало востание. Крушевската република е важна затоа што во неа учествувале сите. Тогаш кога децата ја осознаваат историјата, вие им велите затоа што учествувале сите. Добро, но иницијативата, целата организација, желбата, копнежот е на македоснкиот народ за сопствена држава. Во тој момент е автономија. Тоа затоа што ги повикале сите комшии е затоа што имале доблест и сочувствувале со нивната мака од османлиското ропство и имале далекусежна визија. Но, причината за постоењето на Крупевската република е борбата за слобода на македонскиот народ. Ако сакаме да покажеме дека сме мултиетничко општество, дека ги почитуваме различностите, дека луѓето меѓу себе треба да бидат рамноправни, има безброј други начини. Но, кога тоа се потенцира вештачки, буди револт. Тоа треба да го спроведуваме многу суптилно.
Невозможна е етничка сплотеност додека децата учат во етнички чисти училишта.
Тоа нема да биде лесен процес, но треба државата да го спроведе и тоа почнувајќи од најмладите, од градинките и училиштата. Јас не би се занимавала со возрасните. Тоа е единственото нешто што ќе овозможи просперитет на оваа земја во догледно време. Тоа не е нешто што се прави за еден ден или за една година, тоа е долготраен процес, кој е отпочнат но се уште е неуспешен. Има обиди, но очигледно тој модел не функционира и треба да се најде друг модел за конечно да почне интеграцијата на сите во општеството.
Разговара: Катерина Митиќ
Comments are closed for this post.