Пожеско-славонската полиција ја завршила криминалната истрага против тројца Хрвати кои се сомничат дека произведувале канабис во минско поле.
Како што наведуваат, тие одгледувале повеќе од 200 стебла марихуана во мински полиња и сомнителни мински површини на подрачјето на Липик.
Во автомобилите и нивните семејни куќи пронајден е канабис во фаза на сушење. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава заради неовластено производство и пуштање во промет на дрога за што може да бидат осудени на затворска казна во траење од една до 12 години
Comments are closed for this post.