Вардар е специјалист да им ги тренира живците на навивачите. Каков меч вечерва против Алборг. Кога сите помислија дека ја има победата набрзина прокоцкаа три гола во финишот за страв во „Јане Сандански“.

Во последната минута Њокас промаши ѕицер но тоа значеше нов напад за Вардарци. Страшниот меч го зачини Борко Ристовски кој беше играч на натпреварот.

Вардар го сруши вицешампионот на Европа 30-28 и сега е на прво место во групата. Браво Вардарци , и нов Фајн Фор не е недостижен.