Премиерот Заев денеска на пратеничките прашања му одоговори на претседателот на Бугарија Румен Радев дека Македонија ќе треба да ги менува и музеите и сликата за Бугарија во нив.
Во однос на спомениците, Заев рече дека голем дел од спомениците што ги има и во Бугарија и во Македонија треба да бидат во пријателски дух, така што, посочи, фашизмот не смее да има етничка димензија.
– Во одредени наши споменици веќе тоа е направено. Каде што стоело бугарски фашистички окупатор сега веќе е фашистички окупатор, затоа што не можете нација да обвините за тоа, за учество во третиот пакт во тоа време или слично. Така што во тој дел кај што прашувате за промена на називи, на музеи и слично не, немаме потреба. Нас музеите ни се во ред, туку одредени споменични целини, одредени учебници и во Македонија и во Бугарија односно во двете страни ќе треба во духот на пријателството да ги учиме и следните генерации, рече Заев.
Comments are closed for this post.