Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,181 ден/кг.
РКЕ со денешната одлука врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 отсто во однос на Одлуката од 13.9.2021 година.
Од вечерва на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,181 (денари/килограм)
Comments are closed for this post.