И по десетина дена од несреќата, знаеме само дека Филипче и Заев не даваат оставка, додека истрагата нема одговор на ниту едно прашање, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека оставка на Хасани, Филипче и Заев е нужна за да има непристрасна истрага.
И додека Хасани, Филипче и Заев си ги чуваат фотелјите јавноста чека одговори:
1. Кој е виновен што сме земја со највисока смртност во Европа од КОВИД?
2. Кој е виновен што нема нови протоколи за лечење од КОВИД?
3. Кој е виновен што нема персонал во болниците, и роднини одат да се грижат за пациентите?
4. Кој е виновен што немаше вакцини и се уште не оди добро процесот на вакцинација?
5. Кој е виновен што народот нема доверба во системот и во вакцинирањето?
6. Кој е виновен што немало технички прием на модуларната во Тетово?
7. Кој е виновен што немало ПП апарати?
8. Кој е виновен што е направена со ПУР пена и никој не водел сметка дали истата е запалива?
9. Кој е виновен што не се дозна кој ги исекол цевките за довод на кислород во модуларната болница во Тетово на почетокот?
10. Кој е виновен што се плаќало по 1.000 денари од роднини на пациенти на сестри, доктори болничари да водат грижа за пациентите, и дали е тоа нормално?
11. Кој е виновен што дополнително надвор од тендерска постапка се поврзувале кислородните цевки?
12. Дали е нормално ова што се случува и ова што го правите?
Оставка од Хасани, Филипче и Заев и никогаш да не се повтори.
Comments are closed for this post.