Денес сомневањата се потврдија пред очите на целата јавност во кривичниот суд во Скопје. Главниот сведок на обвинителката Лиле Стефанова во предметот „Плацеви на Водно” Александар Ивановски со прекар Алек Теранова е уценет од самото Обвинителството и од обвинителката, со кривични дела сторени од негова страна, поради што е принуден лажно да сведочи во други случаи кои се дел од политичките прогони во Македонија.
Ова денес беше покренато како прашање меѓу правниците откако обвинителката Лиле Стефанова по грешка во судницата го покажа пасошот на Александар Ивановски.
Прашуваме што бара пасошот на сведокот кај обвинителката освен ако не му е запленет заради сторени кривични дела?
Ниту на еден друг сведок кој нема сторено кривични дела во ниту една друга постапка не му е земен пасошот од обвинителството освен во овој случај. Тоа е можно само во случаи во кои сведокот е под сериозна истрага за сторени многу сериозни кривични дела, коментираат правниците.
Алек Теранова под притисок Лиле Стафанова и ОЈО сега треба да им испорача лажно сведоштво во монтиран случај за кој се покажа дека обвинителството нема ниту еден матерјален доказ против обвинетите, и планира да го принуди судот да ги осуди со два-три уценети сведоци.
За Алек Теранова уште од поодамна се знае дека е дел од предметот “Империја” каде исто така се понудил да ги намести другите осомничени за тој да се ослободи или да помине со лесна казна, па така и во тој, а еве сега, во овој предмет Ивановски ќе ја игра улогата на Нинџа во предметите кои произлегуваат од случувањата на 27. Април 2017 година.
Правниците честопати коментираат за фактт дека пет месеци пред сведочењето во ОЈО на Александар Ивановски за случајот со земјиштето на Водно, во неговата фирма упаднала финасиската полиција. Според она што се шири во судските ходници, целта на ваквиот упад е да се обезбедат дополнителни материјали против него за да им стане уценет главен лажен сведок во овој а можеби и во некои други случаи.
Се шпекулира и дека при таа контрола пронајдени се околу 200 станови на име на негов вработен кој тој го правдал со фактот дека тоа го направил за да не мора да го дели имот при бракоразводната постапка со неговата сопруга.
Се поставува прашањето дали во една демократија е нормално обвинителството особено во вакви политички случаи против поранешен премиер и против бизнисмен кој ја разоткри и обелодени рекетарската шема и спрега со власта на СЈО каде вработена беше и самата Лиле Стафановска, да користи вакви недемократски методи за обезбедување лажни сведоци за да бидат осудени противниците на актуелната власт?
Вакви методи се својствени за недемократски режими како на пример од периодот на поранешниот систем по втората светска војна.
Што може да очекуваме сега?
Сосема јасно е дека Александар Ивановски и вработената личност кај него која е под негова контрола ќе “изрецитираат” во своето сведочење пред судот се што претходно ќе им напише и каже обвинителката Лиле Стефановска.
Алтернативата за Алек Теранова е да одговара за од него сторените кривични дела и да лежи затвор а имотот да му биде запленет и фирмата затворена. Помеѓу таа алтернатива и местење на други во други случаи тој ја избрал втората.
Според информации на „Република“ фирмата со која Алек Теранова работи и управува, а чија главна дејност е градење згради, станови и апартмани, не е на негово име, туку на име на лице блиско до него. Во нормални земји и тоа би се поставило како прашање. Зошто фигурира еден сопственик кој не се ни појавува во фирмата а истата ја раководи сосема друг кој сите го препознаваат како газда.
Затоа добро упатените коментираат дека е јасно дека Александар Ивановски е уценет сведок како што е јасно дека овој начин на елиминација на политичките противници стана нормален стил на работење на оваа власт. Оттука не е случајност што сите лица кои побараа азил во други земји од политички прогон, истото го добија. Не се случајни ни критиките во делот на судството кое ги добива власта.
Comments are closed for this post.