„Бихаќка“ е на готовс – партиската директива гласи #ПоддршказаВенко. Да се брани и да се одбрани министерот од сопствена оставка.
Гори црвениот вибер на СДСМ. Во групата со интересно име СДСМ УДБА организацискиот секретар на партијата Мартин Попов ги организира партиските директори на здравствените институции, градоначалници, претседатели на ограноци да застанат „во одбрана на Венко Филипче“.
Сето тоа напишано со големи букви, зашто и итноста е голема.
Потребна е нашата поддршка во моментов за потпретсњдателот на партијата. Знаете што има направено за сите нас тука. Масовно да шириме позитивни работи за него. Не смееме сега да изгубиме човек како него, баш пред избори, за Филипче се работи, пишува во партиската насока на Попов.
Во речиси иста минута Фејсбук е преплавен од величење на ликот и делото на министерот со задоцнет морал. Поддршка на партискиот потпретседател и министер за здравство на своите Фејсбук страници објавија Горан Сугарески, Богданка Кузеска, Снежана Калеска Ванчева… На Фејсбук групата Поддршка за Венко Филипче, формирана лани во март, во почетокот на пандемијата, се шири текст кој повеќе сугерира дека Филипче е жртва во пожарот отколку министер во оставка.
Живееше со здравството, работеше за здравството
Венко Филипче.
Има толку многу да се напише, толку многу да се каже..
Живееше со здравството, работеше за здравството.
Не постоеше човек, вработен во Министерството за здравство, кој ќе кажеше лош збор за соработката со него.
Не постоеше човек, кој од мака ќе дојдеше на скалите пред неговиот кабинет, а истиот да не биде примен од него.
Го преуреди цел клинички центар, од паркинг до операциона сала. Вложуваше во здравството, како никој досега.
За време на неговиот мандат беа издадени рекорден број на согласности за вработувања во здравството.
За негово време беа направени првите и историски трансплантации на срца. Успеа да ги спои најдобрите доктори од најголемите приватни клиники, да работат како еден тим.
На прсти се бројат деновите, кога Венко си одеше дома кај неговите во 16.00 после работно време.
Ретко кој знаеше дека секој месец правеше по неколку операции на глава. Викаше, така се одмарам.
Најмногу жалеше за изгубеното време со неговиот син.
Докторите специјалисти во негово време земаат преку 100.000 ден.
Специјализантите пред Венко, волонтираа. Денес се високо платени.
Медицинските сестри, пред Венко, беа затворани по кабинети, каде беа потсетувани дека не се вработени бидејќи имаат знаење, туку затоа што партијата така сакала. Денес истите, со покачени плати, заборавија на тие времиња.
За Венко може да зборува некој што работел со него.
За Венко може да кажуваат вработените во здравството, на било која позиција, кои ги добија сите почести и се она што заслужуваат, од плата до респект.
Венко Филипче, и се она што почна и промени во здравството, уште долго време ќе биде пример за сите.
Негова единствена маана е тоа што беше предобар за ова општество, за овој народ.
Dritan F. Ismaili.
Величина од човек. Македонија немала подобар министер за здравство од Венко Филипче!
Тоа го говорат фактите и колку и да пробува некој да го минимизира неговиот придонес во средувањето на хаосот во здравството, аргументите и делата ќе го побијат! 2 години од функцијата му поминаа во менаџирање светска пандемија, а паралелно не престана да го вреднува трудот на неговите колеги така како што треба и така како што навистина заслужуваат!
1. Ги зголеми платите на здравствените работници;
2. Воведе суштински реформи;
3. Го укина паралелниот увоз на лекови меѓу кои инсулинот како најштетен;
4. Ги направи сите лекови на рецепт достапни за граѓаните секој ден од месецот, а не само до 3ти, па кој немал “среќа” да си плати приватно;
5. Ја подигна свеста за донирање органи со што се спасија животи и сведочевме на врвни трансплантации;
6. Во негов мандат набавени се најсовремени медицински апарати за олеснување на работата на лекарите и реконструирани од темел се десетици здравствени објекти, операциони сали,кои претходно пропаѓале повеќе од 20 години;
7. 24/7 е достапен за новинарите, граѓаните, здравствените работници, покажувајќи огромна транспарентност за секој потег
8. Ја зголеми вредноста на платените дежурства на лекарите;
9. Одобри здравствено осигурување на приватните специјализанти;
10. Набави терапија за сите пациенти со ретки болести
Венко е доблесен, човечен, професионалец, човек! Македонија има доктор и министер достапен еднакво за секого! НЕ за оставка, ДА за продолжување на професионалното водење на ресорот здравство.
Секоја чест за сработеното Министре.
Со почит.
Рафално беа исфрлени и преземани анализи на партиските портали. Секако, за да ја потенцираат човечката и политичка величина на Венко. Морбидно, но човек навистина да добие впечаток дека токму тој жив изгорел четиринаесет пати во тетовската болница.
Во земја во која во моментов има 19 модуларни болници, 19 потенцијални пржилници на живи луѓе, армија луѓе го брани министерот од оставка! Не од гневот на народот, не од гневот на семејствата на оние повеќе од 6000 мртви во пандемијата, не од душите на овие 14 загинати во пожарот, туку од оставката која патем се уште не му е прифатена. И зошто го прават тоа? Зашто Венко направил многу за сите во партија! И пред избори е државата! Никој не е поштеден од вирусот. Сите ние сме потенцијални корисници на услугите на модуларните пржилници. Најмалку од се што може да направи Венко е да даде неотповиклива оставка колку и да е таа задоцнета. А сите вие од СДСМ УДБА и други вибер групи за перење мозоци, удрете ги главите – живи луѓе изгореа во котел, во пекол. Имате ли душа, луѓе ли сте?!
Во пораките што ги објавуваме, со кои дојде Република, од една друга група на вибер, ЗДРАВСТВО, можете да се запознаете со размислувањата на друга категориа испрани мозоци. Оваа сложна Хипократова дружина успеала да се издигне над човечкото и со нејзината свест да завладее политичкото. Овие „сложни попови“ изгледа убаво се омрсиле покрај Венко штом и покрај сета голгота што ја минуваа во оваа година и пол, решија во петок да го бранат политичкото наместо човечкото. Овие 91 член на групата се лекари, политичари, но не и луѓе. Наместо да побараат оставка, тие ќе го спасувале Филипче политичарот од морална одговорност. Макар и лажна, каква што е неговата. Морална ерозија и некрофилија уште пред да се упокојат душите на оние 14 несреќни луѓе кои живи изгореа во политичката алчност на Филипче.
Comments are closed for this post.