Не ме прашувајте ништо, наскоро ќе добиете соопштение од Владата во врска со пописот. Ова кратко го изјавил директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, откако денеска попишувачите повторно не излегоа на терен за да ја спроведат статистичката операција.
Како што дознава Плусинфо, техничките проблеми со кои се беа соочиле попишувачите на вториот попишувачки ден наводно се надминати и апликацијата за попишување е повторно ставена во функција, но нејасно е зошто попишувачите утрово добиле наредба од ДЗС да си останат дома и да не го попишуваат народот.
Comments are closed for this post.