Германската канцеларка Ангела Меркел следната недела доаѓа во регионот. Централен интерес е посетата на Белград каде ќе има средба со претседателот Александар Вучиќ.
Србија веќе подолго време е во фокусот на интерес на Германија поради многубројните германски инвестици но и поради дијалогот Белград-Приштина за чие решение официјален Берлин многу се залага.
По Белград, Меркел ќе замине во Тирана каде ќе ги собере останатите лидери во регионот меѓу кои и премиерот Заев.
Скопје го нема на агендата на „фрау“ Ангела.
Ова е сосема спротивна ситуацијата која ја имавме пред референдумот за промена на името во септември 2018 година. Тогаш Заев беше европски миленик. Во Скопје се изредија Ангела Меркел, Себастијан Курц, Тереза Меј а Макрон ни испрати видео поздрав.
Сите европски лидери го убедуваа народот колку е добро да го промениме името и дека веднаш потоа без одложување ќе ги почнеме преговорите за членство.
Сега од нив нема ни глас ни трага, само по некоја честитка. А нема ни проговори како што ветија.
Comments are closed for this post.